Македонија
29. November 2021 - 16:44

Истрагата тапка во место, идентификацијата треба да заврши до крајот на неделата

Сопственикот на Беса –Транс во изјава за бугарската национална телевизија  жали за несреќата во која загинаа 45 македонски државјани. Вели, трагедијата никој не ја посакувал.

Работењето на Беса-Транс сега е под лупа на македонски истражни органи.. Се проверуваат документите за возилата и нивните дозволи за превоз на патници. Во Бугарија пак се бараат причините за трагедијата. И од двете обвинителства денеска велат дека нема нови детали за постапките кои се во тек.

Здравствените власти пак се насочени во идентификација на починатите.. Од Институтот за судска медицина во Скопје велат дека од вчера во Софија се заминати две лица кои им помагаат на бугарските колеги во споредбата на ДНК профилите.. Постапката се очекува да заврши за една недела, по што телата ќе бидат предадени на семејствата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, причините за трагедијата требало да се бараат во институциите. Во партијата сметаат дека потфрлиле инпсекциите, а за тоа, виновна била власта.

Остатоците од изгорениот автобус на автопатот „Струма“, до крајот на неделава ќе сведочат за трагедијата со 45 жртви. Бугарската агенција за патишта најави дека од петок ќе почне реконструкција на уништената банкина и враќање на коловозот во првобитната состојба.