Свет
13. March 2016 - 12:48

Истрагата потврди: Вториот пилот намерно го урнал авионот на компанијата „Германвингс“

Француските експерти што ја истражуваа трагедијата со авионот на германската авиокомпанија „Германвингс“, што пред една година се урна во Француските Алпи, денеска препорачаа да се засили медицинската контрола врз пилотите, пренесоа француските медиуми.

Препораката се соддржи во извештајот со заклучоци од истрагата, изготвен од француското Биро за истраги и анализи и денеска претставен на прес конференцијата во Бурже, во близина на Париз.

Во извештајот конечно се потврдува дека несреќата со авионот на „Германвингс“ била намерно предизвикана од вториот пилот на авионот, Андреас Лубиц, кој имал психички проблеми.

Бирото за истраги и анализи спроведува истраги на авионски несреќи.

Авионот на германската авиокомпанија „Германвингс“ се урна во Француските Алпи на 24 март минатата година, на пат од Барселона за Диселдорф. Во несреќата загинаа сите 144 патници и шестмина членови на екипажот