Балкан
29. October 2018 - 14:06

Истрага за пукањето во Атина: Уличната војна меѓу Грците и Албанците почнала поради пари

Вооружена престрелка меѓу Грци и Албанци во атинското предградие Геракас почна како судар на двајца Албанци од финансиски причини, покажа денеска премилиминарната истрага на полицијата во Атика.

Во крвавиот судир во кој ноќеска околу 2 часот се користени пиштоли и ножеви, повредени се по тројца Грци и Албанци, а двајца имале прострелни рани.

Албанец е повреден со нож во гради и е во најсериозна состојба, додека еден Грк има прострелна рана во вратот.

Полицијата на самото место пронашла пиштол кој е предаден во форензичката лабораторија.

Според наодите на полицијата, инцидентот почнал како кавга меѓу двајца Албанци кога еден се обидел да наплати долг од другиот.

Останатиет се вклучиле кога нивниот споре ескалирал.

Сите шестмина се уапсени, а потрагата по други лица вмешани во инцидентот продолжува.

Ова пукање се случи само неколку час пред на југот на Албанија да биде убиен Гркот Константин Кацифас (35), припадник на грчкото малцинство.