Истрага за пукањето на браните во либискиот град Дерна
Либискиот јавен обвинител Ал Сидик ал Сур изјави дека во тек е истрага за невнимание откако пукнаа две брани во градот Дерна за време на бурата Даниел, што доведе до катастрофални поплави во кои загинаа најмалку 11 000 луѓе. Телата на многу жртви завршија во морето, додека околу 10 000 луѓе се водат како исчезнати.
- Истрагата ги вклучува средствата за одржување кои беа платени за одржување на двете брани и за минимизирање на ефектите од нивната штета како резултат на поплави и обилни врнежи. Оваа истрага е во тек во Јавното обвинителство. Она што сега можеме да го кажеме е дека истрагата ќе ги вклучи локалните власти, како и последователните влади поради небрежност, изјави Ал Сидик ал Сур, јавен обвинител на Либија.
По разорните поплави во источна Либија хуманитарните организации предупредија дека се зголемува ризикот од ширење заразни болести. Во Дерна 55 деца веќе се разболеле од загадена вода, изјави шефот на Националниот центар за контрола на болести.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар