Фудбал
17. October 2017 - 13:31

Истрага за местење во црногорскиот фудбал

Фудбалскиот сојуз на Црна Гора објави дека два натпревари од тековното првенство се „под истрага на УЕФА“.
 
Органите на Европската куќа на фудбалот се сомневаат во регуларноста на натпреварите Искра-Дечиќ 4:1 (9.коло во Првата лига) и Отрант Олимпик-Челик 6:1 (10.коло Втора лига).
 
Како што наведува Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, комплетната документација која била добиена од УЕФА е испратена до надлежните државни органи, односно до Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.