Македонија
13. November 2020 - 17:54

Истрага против скопјанец за недозволено поседување марихуана

Основното јавно обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен скопјанец, кој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Тој во својот дом на улица „Михаил Чаков“, неовластено, заради продажба, држел 27,65 грама марихуана, спакувана во 79 помали полиетиленски пакувања. Дрогата била пронајдена при претрес на неговиот дом.

Доставен е предлог да му се определи притвор поради опасност од бегство или повторување на делото.