Македонија
9. August 2019 - 14:35

Истрага против осомничен за неовластено производство на наркотици

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Триесетгодишниот осомничен, на 7 август во домот во кој престојувал на улицата „Киро Крстевски-Платник“ во Скопје, неовластено држел наркотична дрога – марихуана во две полиетиленски кесички со вкупна нето маса од 52,48 грама, зипер кесичка со искршени и соголени гранчиња од растението канабис со вкупна нето маса од 9,34 грама, 13 семки канабис и четири парчиња од искршена таблета „бупренорфин“. При претресот, од страна на овластени службени лица била одземена и една дигитална вага, соопши денеска ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител проценил дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, па до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил Предлог за определување мерка притвор.