Живот
19. January 2018 - 13:07

Историско ДА: Папата венчаше двојка во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуардот на авионот за време на летот од престолнината на Чиле, Сантијаго со градот Икика на север од државата.

Двојката го изговори судбоносното „да“ утринава, откако на папата му кажале дека се венчани во општина, но дека  не можеле да се венчаат во црква, поради земјотресот што го погоди Чиле во 2010 година.

По разговорот со брачната двојка, папата Франциско им понудил да ги венча во авионот, а сведок бил директорот на националната авиокомпанија на Чиле, „ЛАТАМ“.

Младоженецот изјави дека папата му рекол оти настанот е „историски“ и дека никогаш претходно не се случило папа да венчава во авион.