Тенис
13. January 2017 - 19:37

Историски успех за македонската тенисерка Лина Ѓорческа

Само една победа ја дели најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од влез во главната фаза на првиот од серијата Гренд Слем турнири во оваа сезона.  Горческа утрово ја извојува и втората победа совладувајќи ја Унгарката Галфи со 2:0 во сетови.

Лина вчера влезе во историјата како прв македонски тенисер кој победил во меч на еден Гренд Слем турнир откако во првото квалификациско коло на подлогата во Мелбурн ја совлада Американката Викари.

Последна пречка за влез во главната фаза на Австралија опен за лина ќе биде Швајцарката Вогел. Мечот од третото, последно квалификациско коло е дел од утрешната програма.