Македонија
3. јуни 2019 - 16:26

Историски состанок на северно-атланскиот совет на НАТО во Македонија

Историската посета на северно-атланскиот совет е потврда за подготвеноста на НАТО да и ги отвори вратите на Македонија. Генералниот секретар на алијансата вели дека е задоволен од динамиката со која се спроведуваат реформите, потенцирајќи дека компромисот за името е исплатлив чекор кој ќе донесе подобра иднина за земјава

Премиерот Заев рече дека Македонија веќе ги чувствува придобивките од потпишувањето на пристапниот протокол. Според него, од февруари навака, во земјава константно растат директните странски инвестиции, што влијаело да на намалување на невработеноста и раст на платите.
Заев вели дека е задоволен од динамиката со која земјите членки го ратификуваат пристапниот протокол, изразувајќи надеж дека до крајот на годината или на почетокот од наредната земјава ќе стане членка на НАТО.

Посетата на Столтенберг и 29те амбасадори на земјите членки е прва посета по потпишувањето на пристапниот протокол во февруари годинава. Од тогаш, неговата ратификација помина во парламентите на 13 земји членки.