Бизнис
28. August 2020 - 14:15

Историски пад на БДП на Франција -13,8 отсто во вториот квартал

Историски пад на БДП на Франција, кој никогаш досега не бил забележан од почетокот на статистичките истражувања. Бруто домашниот производ на Франција, кој го мери националното богатство, падна за 13,8 отсто во вториот квартал на 2020 година, потврди ИНСЕЕ (Националниот институт за статистички и економкси студии), јави дописникот на МИА од Париз.

Падот може да се објасни со „запирање на несуштинските активности во контекст на ограниченоста-мерките на изолација, воспоставена меѓу средината на март и почетокот на мај, за да се спречи пандемијата со Ковид-19.

По падот на БДП од 5,9 отсто во првиот квартал, Франција официјално влезе во рецесија на крајот на првото полугодие.

Ако постепеното укинување на ограничувањата доведе до „постепено закрепнување на економската активност во мај и потоа во јуни, по дното кое достигна во април“, кварталот ги носи последиците на обврската наметната на Французите да останат дома: потрошувачката опадна за 11,5 отсто, „што значително ја зголемува стапката на заштеда“ (27,4 осто наспроти 14,9 отсто во просек во 2019 година), наведува ИНСЕЕ.

Пандемијата што ги зафати повеќето земји во светот, исто така, влијаеше на странската побарувачка, при што извозот падна за 25 отсто. Увозот не падна во исти пропорции (-16,4 отсто), „надворешната трговија придонесува негативно на растот на БДП“ за 2,5 поени во текот на овој квартал.

ИНСЕЕ предвидува враќање на БДП од 19 отсто во третиот квартал, но за цела 2020 година Владата очекува историски пад од 11 отсто. БДП не треба да се врати на нивото пред кризата до 2022 година, кога се очекува раст од 1,4 отсто.