Македонија
12. May 2017 - 16:16

Историски настан на грчката телевизија – македонска изворна музика на ЕРТ2

Во евровизиската ноќ кога сите зборуваат за настапот на Јана Бурчевска, а грчката државна телевизија дури и го покри со реклами нејзиното видео со кое се претставува и со преносот директно влезе во настапот на Јана, на вториот канал на јавниот сервис се случуваше нешто што ретко се гледа во грчката јавност.

Во серијалот ,,Тајните на музиката’’, вчера беше прикажана третата епизода ,,По патот Игнација’’, во која авторот на емисијата Никос Кироургос го промовираше фолклорот во Северна Грција. Почнувајќи со влашки песни, втората половина од емисијата ја посвети на македонски традиционални песни, испеани на македонски јазик во реонот на градовите Кожани и Каљар.

Меѓу песните што беа изведени од Македонците од тој регион, од страна на домаќинката Марија Цоцос и музички групи, беа: ,,Шар планина’’, ,,Одам по невестата’’, ,,Море сокол пие’’, ,,Дафино вино’’, ,,Тргнала Ленка на воденица’’,

Интересно е што во потписите на песните, нивните имиња одеа на македонски јазик, а изведувачите и преводот на содржината на грчки јазик.