Македонија
9. December 2016 - 16:11

Историски најниско ниво на невработеност од 23.4 отсто

Историски најниска невработеност од 23,4% објави државната статистика.  Во третиот квартал неврабоотеноста паднала за 0,6 процентни поени. За  точно една година, пак истатат се намалила за 2,1%. Добрата бизнис клима, политиките на привлекување странски инвестиции, поддршката на домашното производство се заслужни на ваквите бројки, напиша на својот ФБ профил лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.

Бројките се значаен успех, за тоа што се во време на тешка политичка клима, уцени, превирања, деструкции, во време на тенденции за кантонизација, . разградување на државата. Но, ако искрено се работи и црвсто се верува – резултатиуте се неизбежни. Тоа го знаат 168 те илјади гражани кои се вработија во последните 10 г одини, од кој, според извештајот на статистика околу 8 илјади само во последнотио тримесечје.

Тонско Грујо Инаку имаме пад од над 14% на невработеноста, од 38% во 2005-та, на досега рекордни 23.4%. Тоа е така бидејќи ние силно се посветивме на решавање на овој најголем проблем за граѓаните. Политичарите се вреднуваат, не по зборовите, туку по делата зад себе. Јас нема како моите конктуренти да зборувам за апстрактни поими или пак за поделби, федерализации, јас ќе продолжам да зборувам за она што го прави животот подобар, новите работни места и подобрување на животниот стандард. Ние ќе продолжиме со таквата политика и во наредниот мандат ќе отвориме нови 70 илјади работни места за дополнителен пад на невработеноста на 18%, односно 17%. Можам да кажам дека успеваме во она што ни беше првенствена цел кога ја добивме одговорноста од граѓаните, да ја намалиме невработеноста. И да, се исплатеше секој напор, многуте часови посветена работа. Ова е заеднички успех, успех на сите граѓани. Ова е нашата победничка Македонија каква граѓаните ја сакаат и заслужуваат. Ова дава и одговор на прашањата кој може подобро да работи за иднината на граѓаните, кој подобро се справува со проблемите, кој отвора работни места, носи инвестиции, кој е подобар за иднината на граѓаните? Затоа овие избори се многу важни, бидејќи ова е одлука со која секој граѓанин одлучува за себе, но и за Македонија. Пишува Груевски

Според статистиката во третото тримесечје асктивното  население  изнесува речиси 950 илјади лица, од кои вработени се 728 илјади. Поголемиот дел од невработените, 137 илјади  се мажи, додека 85 илјади се жени. Најгоем дел од невработените, 338 илјади  се со завршено  средно образование