Бизнис
24. October 2015 - 16:43

Историски најголем обем на кредитирање за домашните фирми

Со над 110 милиони евра годишно државата ги поддржува домашните фирми. Парите ги обезбедуваат МБПР, АБРМ и фондот за иновации.

Владата на почетокот на економската криза преку ЕИБ обезбеди евтина кредитна линија која се пласира преку МБПР. Обезбедени се средства во висина од 350 милиони евра. Ова е историски најголемата кредитна линија во земјава, порано ваквите линии изнесувале само по неколку милиони евра годишно.

- Досега од оваа кредитна линија искористени се 319 милиони евра од страна на 1.583 македонски мали и средни претпријатија кои овие пари ги инвестираа во исто толку проекти со кои отворија 6.441 работно место, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Корисниците на креидтните линии преку МБПР се задоволни, велат дека овие пари им помогнале не само да ја преживеат кризата туку да инветсираат и отвараат нови работни места.

Освен парите од ЕИБ, МБПР нуди и други кредитни линии за домашните фирми, а на располагање е и Земјоделскиот кредитен фонд кој располага со 8,5 милиони евра и е со најповолни каматни стапки.

Комапниите годинава може да се потпрат и на парите од Фондот за иновации кој располага со 2,5 милиони евра. На првиот оглас 16 фирми поделија 460.000 евра неповратни средства. На вториот оглас кој заврши  неделава се пријавија дури 90 компании кои аплицираат за вкупно 1,3 милиони евра.

На располагање на компаниите се и креидтите за отворање нови работни места кои ги нуди Агенцијата за вработување. Агенцијата годинава располага со 10,7 милиони евра кои се распределуваат по различни програми.

Преку реформите државата ги намали трошоците во работењето на компаниите, па во изминатите 6 години неоданочени останаа над половина милијарда евра. Ова заедно со полесниот пристап до кредити овозможи во екот на економската криза во Европа македонското стопанство да остане ликвидно и да нема отпуштање на работниците.