Loading Video...
Свет
27. April 2018 - 17:05

Историска средба на шефовите на Северна и Јужна Кореја - договорена денуклеаризација на полуостровот

Лидерите на Северна и Јужна Кореја  Ким Џонг Ун и Мун Џае Ин ветија нова ера на Корејскиот полуостров –целосна денуклеаризација и крај на војната , по 65 години состојба на воен конфликт.

-Г-дин Ким и јас имаме заедничка цел да имаме согласнот да има Корејски Полуостров без нуклеарен арсенал. Комплетна денуклеризација. Ова е почетокот, нагласи Мун Џае Ин,претседател на Јужна Кореја.

-Беше потребно многу време, долго го чекавме овој момент. Се сретнавме и заклучивме дека не може да бидеме разделени. Ние сме еден народ, јас така се почуствував, изјави претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Засега нема детали ккао би се реализирало договореното. Двете страни само потренцираа  дека ке биде потребна помош и соработка од мегународната заедница.

Позитивната амтосфера  беше присутна уште на самиот старт од корејксиот самит  во погрнаничното село Панмунџон  кога севернокорјексиот претседател  Ким  ја премине грнаицата за да се сретне со јужнокорејскиот колега.Ким побара а Мун му ја исполни желбата и  стапна на теритоијата на Северна Кореја по што двајцата држејки се за раце се вратија назад. Разговорите се одвиваа во куќа на Мирот а почнаа со пофалните збороти на домаќинот за  гостинот кој стана првиот свенрекосјки лидер  кој стапнал во Јужна Кореја  од  крајот на војната  .

-Вие сте првиот кој ја премина Демаркационата линија Г-дине Ким. Ова е симбол за мирот, истакна претседтаелот на Јужна Кореја.

По разговорите тие засадија борово дрво со земја и вода од двете земји.  Дрвото треба да симболзира мир  на Полуостовот.Северна и Јужна Кореја технички се сеуште во војна, бидејќи по крајот на конфликтот во 1953 тата не беШе потпишан мировен договор, туку само примирје.   Покрај пораките за мир кои ги  упати Ким  и го изненади светот, севернокорејскиот лидер  привлече големо внимание и со неговото обезбедување. Додека се возеше во луксзуната  лимузина, 12 телехорнители во костуми трчаа покрај  возилото.