Loading Video...
Свет
13. јуни 2018 - 11:06

Историска средба меѓу Трамп и Ким Џонг-ун

13 секунди се ракуваа а 38 минути им беа доволни на Доналд Трамп и Ким Џонг Ун да договарат и потпишат заедничка декларација во која се обврзаа да работат на целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за нови односи помеѓу САД  и Северна Кореја.

- Подготвени сме  да почнеме нова историја, веќе напишавме нова страница помеѓу нашите нации. Минатото не мора да ја дефинира иднината. Вчерашниот конфликт не мора да биде војна утре, истакна претседателот на САД Доналд ТРамп.

- Имавме историски состанок и одлучивме да го оставиме минатато зад нас. Потпишавме историски документ. Светот ќе биде сведок на промени, изјави Ким Џонг Ун.

А од кога ќе почнат промените кои двајцата лидери  ги договорија зад затворени врати, Трамп вели дека доправа  ќе бдие обајвено.. Во докумнетот  недоставуваат детални и попрецизни информации забележуваат аналитичарите.

- Уште еднаш, не добивме многу спецификации од С.Корејците со овој договор. Уште еднаш се надеваме дека ќе се случо денуклеризација во иднината, но за ова збориме од 90тите, затоа знаете, што е ново? Искрајно не гледам многу. Може во наредните месеци луѓето на Трамп ќе раздвижат нешто, ќе видиме, ќе објават некој детали. Во некој момент ќе треба да поминеме преку симболизмот и разговорите и да ги видиме деталите кои уште не се појавени. Не е лошо, само не е многу, а за тоа сум јас загрижен изјави Роберт Кели, политички аналитичар.

Трамп и Ким на средбата во Сингапур  не штедеа  насмевки  и пофални зборови еден за друг  а до неодамна си разменуваа навреди доведувајќи ги земјите до раб на војна.  За најновиот развој  на настаните Ким реши да се пошегува.

- Многумина ширум светот гледајќи го ова ќе мислат дека станува збор за сцена  од научно фантастичен филм, се пошегува Ким џонг Ун , претседател на Северна Кореја.

Историската  средба ТРамп- Ким се одржа во луксузниот  хотел Капела на островот Сентоса  а   нова американскиот претседател најави во Белата куќа во Вашингтон.