-->
-->
Историска одлука: Оваа земја целосно го забрани пушењето!
-->

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимукамедов направи историска одлука откако забрани пушење цигари во целата земја.
Тој донел проглас со кој сите продавници ќе се казнуваат со 1500 евра доколку бидат фатени како продаваат цигари. Неговиот потег веднаш се одрази и на црниот пазар, каде цена за кутија цигари моментално се проценува на околу 10 евра.
И покрај фактот дека Туркменистан е земја во коај сите медиуми се во државна сопственост, оваа информација успеала да „побегне“ благодарејќи на друштвените мрежи, каде младите изразиле незадоволство поради новиот закон.
Колку пушењето е сериозно сфатено во Туркменистан, вели и фактот дека Атадар Одманов, министерот за здравје, го симнал чинот полковник, бидејќи не успеал да го намали бројот на пушачи во државата.
Остануива да се види како новиот закон ќе влијае на здравјето на жителите на земјата, каде животниот век е 65 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп