Македонија
3. March 2021 - 12:48

Историја и општество е предметот кој се воведува со новата концепција

Усвоената концепција за основно образование ќе се воведе во 1-во и 4-то одделение од септември , наместо како што првично се најавуваше од 1-во и 6-то. Историја до 6-то одделение ќе се изучува по предметот општество, а потоа учениците ќе имаат предмет историја и општество. Царовска најави отпочнување на втората фаза за усвојување наставна програма за што ги повика сите од фелата да се вклучат во процесот. Повеќе детали за усвоената концепција,дали и кои учебници се веќе сменети во вестите во 16 на Сител.

 

Мирјана Давидовска