Истокот од државата се празни, младите заминуваат во Германија, Италија и Швајцарија
Малата рурална општина Зрновци континиурано се празни. Италија, Германија и Швајцарија главно се дестинациите каде жителите од трите села на општината се иселуваат. Основна, но и дополнителна стопанска гранка е земјоделството, но повеќе нема кој да работи. Речиси и да нема куќа од каде не се одселило барем по едно лице.
-Млади нема, народот го нема, овде во Зрновци има 150 кучи кои се иселени. Младите се иселени, останаа само старите, пензионерите, а со тие пенззи не доаѓа во предвид да се живее.
-Младите избегаа во странство, останавме ние старите. Полињата се празни, никој ништо не сади-анкета жители на Зрновци.
Локалната самоуправа работи на стратегии за да ги задржи младите во општината.
-Преземаме сериозни чекори во делот на урбанизмот, односно, за да една општина расте и се развива, треба да има уредено градежно змејиште, дали ќе биде за индустриски зони или за посебни намени, каде исто така ќе биде вклучен и приватниот сектор, да вложува, д асе отвараат нови работни места и на тој начин младите да се заинтерсираат и да останат овде- изјави Борче Коцев, градоначалник на О. Зрновци.
Според мештаните, главна причина за иселувањето не е економскиот момент, туку поставеност на системот.
-Држава немаме, други со нас командуваат. Тоа е, жалосно, ама тоа е работата.
-Поради неправдини. Системите не работат. Ако треба да извадиш еден документ, оди на овој шалтер, оди на оној, па го нема овој, па го нема оној. Нема кој да поведе сметка, да каже, има да се работи и да се допринесува за државата да може сите овде да останат- анкета жители на Зрновци.
Општина Зрновци со 2800 жители е најмала општина во земјата. Разликата помеѓу двата пописи покажува дека се иселиле повеќе од половина, односно, 1520 жители заминале од дома.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар