„Истерувачи на духови 2“ предвиде дека крајот на светот ќе се случи на овогодишниот Св. Валентин
Ако им се верува на предвидувањата на кино хитовите од осумдесетите години на минатиот век, на светот наскоро му се ближи крајот.
Имнео, во вториот дел на култниот „Истерувачи на духови“ („Ghostbusters“) од 1989 година, токму Св. Валентин во 2016 година е наведен како датум кога ќе се случи крајот на светот.
„Судбоносното“ претскажување го дава Елејн за време на гостувањето во емисијата „The World of the Psychic“ на Питер Венкман. Елејн вели дека во еден мотел запознала вонземјанин, кој и открил дека токму 14 февруари 2016 е последниот ден на светот.
Другиот гостин, Милтон Енгланд, кого го толкуваше Кевин Дан, предвиде пак дека крајот на светот ќе биде на старата нова година во 1989 година, што и би се случло ако, според филмот, не постоеја славните истерувачи на духови.
Инаку, новоти продолжение на „Истерувачи на духови“ ќе ја има премиерата на 15 јули оваа година, што значи дека малку ќе задоцнат со апокалипската на Елејн.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК