Македонија
1. February 2016 - 13:00

Истекува рокот за поднесување годишни извештаи за персонален данок и за паушално оданочување на земјоделците

Рокот за поднесување годишни извештаи за персонален данок и барање за паушално оданочување на земјоделците истекува денеска.

Од Управата за јавни приходи информираат дека согласно законот тие се поднесуваат до 31 јануари, но бидејќи овојпат 31 јануари беше во недела, како неработен ден, барањата можеда се поднесуваат денеска.