Бизнис
15. August 2020 - 16:44

Истекува рокот за домашната платежна картичка - до 7.август издадени над 310.000 картички вредни над 27 милиони евра

Последен ден за купување со домашна платежна картичка. Веќе од утре граѓаните со нив нема да можат да пазарат. Неискористените средства ќе бидат вратени во буџетот.

Можност за платежна картички имаа околу 324 илјади корисници и тоа од четири категории, социјално загрозени, вработени со ниски примања, млади лица и здравствени работници ангажирани за справување со пандемијата.

Но за тоа  колку  картички се целосно  искористени, на колку останале пари , а колку  не биле подигнати и од кои причини  ќе се знае откако ќе истече рокот, а банките ќе ги достават податоците.  Според последните анализи на министертвото за  финансии заклучно со 7 август издадени се  над 310.000 платежни картички  во вкупна вредност од над 27 милиони евра.

Најголем број од картиките биле за невработени лиц , 116.268, а најмалку за медицински персонал, нешто над 4000.

Најчесто се користеле за пазарење во маркетите, помалку во рестораните и за купување  облека и обувки.

Од пазарниот инспекторат велат  главно проектот со  картичките  се  одвивал како што треба.

„На почетокот се соочивме со мали неусогласувања во маркетите во однос на тоа што се македонски производи,  а што се продукти од надвор, но потоа и тоа беше средено. Акцијата се следеше постојано и не се регистрирани поголеми неправилности“, вели за Сител директорот на пазарен Стојко Пауновски.

Претходно за платежните картички беа пристигнати и над 30 илјади жалби од граѓани кои сметале дека неправилно не добиле картичка. Но само 10 отсто од нив беа прифатени.