Истекува рокот за аплицирање за признанието „Најдобар млад научник“ за 2015
Уште две недели е отворен јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015 година, признание што шеста година по ред го доделува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Носителот на признанието за 2014 година, м-р Даниел Денковски, денеска одржа предавање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на тема „Локализација на предаватели во сценарија со несигурни позиции на сензорите: Алгоритми и граници на поведение“ и пред присутните ја претстави својата работа.
- Сакам да истакнам дека наградата „Најдобар научник на Македонија за 2014 година ми беше мотивација да продолжам со мојата научно-истражувачка работа која што резултираше во една исто така плодна година, изјави Денковски.
Проектот „Најдобар млад научник“ инициран од страна на претседателот Иванов има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.
- Она што можам да го истакнам е дека промовирањето на младите научно-истражувачки кадри оди во нагорна линија“, рече проф. д-р Татјана Атанасова Пачемска, декан на Електротехничкиот факултетот при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, охрабрувајќи ги младите истражувачи коишто ги исполнуваат условите на конкурсот, да аплицираат за годинашното признание „Најдобар млад научник“.
Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години кои во досегашната научна работа имаат постигнати научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат.
Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.
Апликацијата треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2015 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.
Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2015 година.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та