Истекува конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов за 2018
Конкурсот за деветтата Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се одржи од 20 август до 31 август во Охрид истекува денеска.
Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.
Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство, а наставата се одвива на македонски и на англиски јазик.
На конкурсот, што е отворен до денеска, може да учествуваат сите млади од Република Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Условите за конкурирање, предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, да имаат просек, еднаков или поголем од 8,5 на додипломските студии, а работното искуство од минимум една година ќе се смета за предност.
Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за напреден степен на познавање на англиски јазик и две препораки.
Школата за млади лидери за прв пат беше организирана кон крајот на август 2010 година во Охрид. Во изминатите осум години на школата учествуваа околу 320 млади луѓе со различна академска и професионална определба. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, кадешто преку организација на семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица