Бизнис
7. September 2016 - 19:38

Истече рокот за пријавување на штети од поплавите

Истече рокот за пријавување на настанатите штети од поплавите на  6 минатиот месец. До  16 часот  се примаа барања  од оние кои  не биле посетени од тимовите за проценка на штети. Вкупно се поднесени околу 2000.

На шалтерите во Гази Баба  и денеска имаше гужви.

Граѓаните брзаа да го запазат рокот и да ги пријават  штетите направени на нивните имоти, моторните возола, земјоделските површини, сточниот фонд.

Оние пак кои  беа посетени до комисиите за процнека на штетите треба да поднесат само изјава заверена на нотар за која нема утврден рок до кога треба да се достави.

Досега  вакви изјави во Гази Баба пристигнале над 1000.

Од Министертвото за финансии пак потенцираа дека тече и авансната исплата од 500 тини евра  како првична помош за поплавените.

Во меѓувреме и од осигурителнте компании ги покриваат штетите. Досега се исплатени 100 илјади евра надомест на штета  на домаќинствата и фирмите од поплавените региони кои имале полиса за осигурување .

Во поплавите кои го зафатија Скопје минатиот месец  оштетени се околу 4.ооо домаќинства.