Балкан
18. August 2016 - 17:29

Истанбулското Обвинителство нареди конфискација на имот на 187 бизнисмени

Истанбулското Обвинителство денеска нареди конфискација на имотот на 187 бизнисмени осомничени за поврзаност со исламскиот проповедник Фетхилах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обидот за воен удар на 15 јули.

При операција на финансиската полиција во Истанбул и уште 17 други градови денеска беа приведени 50 осомничени  лица, вклучително и директори на големи фирми.

Обвинителството издаде 187 налози за апсење во рамките на операцијата, насочена и кон претседателот на Конфедерацијата на турски бизнисмени и индустријалци Разанур Мерал и други познати бизнисмени. Тие се обвинети дека ја финансирале организацијата на Ѓулен.

Тоа е втора слични операција од почетокот на неделата.