Живот
4. September 2017 - 12:35

Исповед на елитна проститутка: Вашиот сопруг доаѓа кај мене затоа што...

Саманта Х е една од најпознатите ескорт девојки и за „Daily Mail“ ги открива работите што жените треба да ги знаат за нивните мажи:

1. Ве сака

2. Му треба повеќе љубов отколку што си мислите

3. Мисли дека на кучето му посветувате повеќе внимание отколку нему

4. Му недостасува задоволување на вашите потреби

5. Му треба секс како што и вам ви треба добра пудра за лице

Една од најчестите работи што ги слуша од мажите кои го побарале нејзиното друштво е дека си ги сакаат жените.

„Тие со задоволство би го делеле своето време и внимание со вас, но си мислат дека не ви е гајле“, им порача Саманта на жените.

„Последно нешто што сакаат е да ве повредат и секако не сакаат развод, не само поради финансиите или децата, туку бидејќи не сакаат да ве остават. Повеќето мажи се себични и имаат различни потреби кога станува збор за сексот, но барањето интимност на друго место не е одраз на нивните чувства кон сопствените жени“, тврди Саманта.

Таа вели дека повеќе станува збор за задоволување на потребите што не им се задоволени дома. Саманта тврди дека мажите сакаат нежност повеќе отколку што мислите.

„Повеќето мажи сакаат да се однесувам како да им сум девојка. Сакаат галење, нежни допири, бакнежи и нежен секс“, вели таа и додава дека интимноста им е подрага од жесток секс.

Малку им е еден саат и најчесто бараат два или три часа.

„Не ги бараат тие три часа за секс, туку за разговор и галење“, тврди Саманта.

„Девет од десет пати мажот само сака некој да го прегрне. Мажите ми кажуваат дека спијат со сопругите во различни соби и дека го мразат тоа. Верувам дека нивните сопруги имаат свои причини, но не заборавајте, ова е машката страна на приказната“, вели таа.

Саманта открива дека на мажите најмногу им недостига орално да ја задоволуваат сопругата.

„Можеби се работи за нивното его, но поважно им е вам да ви е добро. Оралниот секс е нешто што го сакаат и им недостига во животот. Тие се задоволни ако вие сте задоволни. Престанете да мислите на вашата дежина, кога ги депилиравте нозете или како ви изгледа вагината. Само легнете, опуштете се и уживајте“, советува Саманта и додава дека не е лошо и вие да ја возвратите услугата.

Ќе се изненадите на кого се најмногу љубоморни.

„Често слушам: не ме ни забележува кога ќе си дојдам, повеќе е фокусирана на децата и на кучето отколку на мене… Сигурна сум дека и мажите не се ангели, но сепак потрудете се да се чувствува посебно“, вели Саманта.

„Сите заслужуваме добар секс, па посветете се на вашата сексуална врска“, завршува Саманта.