Бизнис
31. August 2015 - 19:54

Исполнето ветувањето - Објавен нов оглас за закуп на државно земјоделско земјиште

Објавен нов оглас за закуп на државно земјоделско земјиште. Сите кои сакаат да станат агро бизнисмени можат да аплицираат и да добијат најмногу до три хектари земја за да ја работат.  Со огласот се исполнуваат барањата на самите земјоделци.

Со овој оглас се исплува уште едно ветување на пермирот Груевски, кое го даде на меѓународниот собир во Прилеп во април годинава.

Понудени се вкупно 4.750 хектари во 30 оптшини. Можат да аплицираат странски и домашни физички лица,  кои немаат склучено договор за закуп со министертво за земјоделство, да се занимаваат со земјоделство или да се трговци поединци на кои главната дејност им е земјоделско производтсво или преработка на земјоделски производи. Лицата кои ќе ја добијат обработливата површина,  ќе можат да ја користат  од 15 до  70 години , во зависност од тоа што ќе се одгледува. Цената по хектар зависи од местоположбата на земјиштето и класата и се движи од 5 до 25 евра.

Огласот трае наредните 30 дена. Сите информации можат да се добијат на сајтот на министерство за земјоделство.