Бизнис
19. May 2018 - 18:39

Исплатени субвенции за тутунарите

Најголем дел од субвенциите за тутун се исплаќаат во Прилеп. Овие денови на сметките на над 20. 800 тутунари легнаа  вкупно 22 милиони евра. Најголем  дел  од парите или 13 милиони евра  добија прилепчани кои  важат за најголемите производители на тутун во земјава.

Подршката за тутунарите годинава е зголемена. За прва класа наместо 60 се исплаќаат 80 денари субвенција, за втора 70 денари. За третата и пониските класи државата субвенционира 60 денари по килограм тутун колкуб што се добиваше до лани за сите класи.

Преку зголемувањето на субцвенциите ќе се создадат услови за производство на појквалитетен тутун.

Тутунот е меѓу главните производи клои се извезуваат од земјава. Девизниот прилив во  државава од ововј производр изнесува над 100 милиони евра. Во Македонија од произвдоство на тутун живеат  24 илјади семејства.