Бизнис
14. September 2018 - 19:43

Исплатени 99% од субвенциите за лани

Исплатата на ланските субвенции оди одлично. До први септември исплатени се 99 отсто. Директорот на Платежната агенција информира дека околу 80 отсто е реализацијата на буџетот за трите видови поддршка во земјоделството, односно субвенциите, поддршката во руралниот развој и за рубарството и аквакултурата.

Според Бабовски, значително е зголемена и реализацијата на ИПАРД средствата. На првиот јавен повик од ИПАРД 2 програмата доставени се над 1.600 апликации, засега се потпишани 800 договори, но се очекува оваа бројка да достигне 900.

Во однос на набавката на компјутери, што предизвика бурни реакции во јавноста, директорот истакна дека тие се неопходна алатка за работа на Агенцијата. Потенцира дека слабата опременост на Агенцијата била и најголема забелешка во последниот извештај на Европската комисија.