Бизнис
22. February 2018 - 12:07

Исплатена октомвриската плата на вработените во ФЕНИ Индустри

Компанијата ГСОЛ, која што има договор за преработка на руда со ФЕНИ Индустри, им ја исплати октомвриската плата на сите 748 вработени.

Октомвриската плата, како што информираат од компанијата, била влезена и во стечајната маса, а исплатата е договорена во соработка со гранковиот синдикат СИЕР.

Со потпишувањето на договорот за повторно започнување на производството на ФЕНИ по јавниот повик од стечајниот управник, ГСОЛ ги задоволи сите барања и уплати финансиски средства од најмалку 10 милиони евра за да го гарантира исполнувањето на своите обврски според договорот.

Дел од овој договор е рестартирање на производниот процес, обезбедување плати за вработените и покривање на сите трошоци, како и обезбедување на сите ресурси потребни за рестартирање на производниот процес.