Ракомет
17. јуни 2016 - 14:03

Исланд последен од Европа на СП во Франција 2017

Ракометната репрезентација на Исланд како последна од Европската зона избори пласман на Светското првенство во ракомет што во 2017 година ќе се одржи во Франција. Исланд на гостувањето во Порто загуби минимлано од Португалија со 21:20, но со вкупен резултат од 46:44 беше поуспешен во баражот од ривалот. Инаку, Исланд е една од трите селекции против која Македонија ќе игра во групата во квалификациите за Евроспкото првенство 2018 година во Хрватска.
Во неизвесна завршница Португалија имала водство од 20:17, резултат што и одговарал, но сепак Исланд успеа со серија од три голови да стигне до изедначување.
 
Од европската зона пласман на Светското првенство изборија девет репрезентации: Македонија, Шведска, Полска, Русија, Исланд, Унгарија, Словенија, Беорусија и Данска.
Извлекувањето на групите на ќе се одржи ан 23.јуни (четврток) во Париз, а Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29.јануари 2017 година.