Свет
25. October 2015 - 18:32

Исламски радикали упаднаа во супермаркет во Аден и зедоа заложници

Околу 30 исламски радикали упаднаа денеска во супермаркет во јужниот јеменски град Аден, стрелаа во воздух и зедоа заложници, соопштија извори од службите за безбедност и очевидци.

Исламистите пристигнале со четири возила. Клиентите се разбегале, по што тие пукале во воздух, но извесен број биле блокирани внатре, кога напаѓачите ги заклучите вратите.

Според очевидци, исламистите изјавиле дека протестираат против собирањето на мажи и жени во супермаркетот, и барале продавачките да си ги покријат лицата, во согласност со исламскиот закон.