Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Берлин
Ирачката организација „Народен фронт за мобилизација“ тврди дека одговорноста за терористичкиот напад во центарот на Берлин ја презела „Исламската држава“ (ИД), јавуваат германските медиуми.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, ирачката организација своето тврдење го базира на податоци од џихадистички профили на социјалните мрежи во кои влегле нејзините членови со помош на технологија за декриптирање.
„Народен фронт за мобилизација“ е организација формирана од ирачката влада а составена е од 40 различни вооружени групи од сите верски, етнички и политички профили во Ирак кои што имаат цел борба против Исламската држава.
Пред три недели ИД ја презеде одговорноста и за нападот на сомалиски бегалец кој нападна студенти на универзитет во Охајо а предходно презеде одговорност и за нападите во Ница, Париз, Брисел и неколку инциденти во Германија.
Во ноемвриското издание на магазинот на англиски јазик „Румиах“, Исламската држава ги повикала своите следбеници да извршат напади возејќи големи камиони на места со голема фрекфенција на луѓе со цел да предизвикаат што е можно поголем број жртви.
Исламската држава ги повика своите симпатизери да целат на политички митинзи, отворени базари, полни централни улици во големи градови особено настани кои што немаат големо обезбедување.
Според написот на англиски јазик ИД порачува:„Во обидот да се направи штета на непријателите на Алах императив е да не се напушти возилото во текот на нападот: Подобро е да остане да во возилото, да се вози преку неверниците да се кршат нивните остатоци се додека е невозможно да се продолжи возењето“.
Германското разузнавање инцидентот на плоштадот Брајтшајд до црквата Кајзер Вилхелм во Берлин го истражува како да е терористички напад.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација