Свет
29. November 2017 - 9:40

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот со автомобил-бомба во Аден

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот со автомобил-бомба врз Министерството за финансии во Аден, Јужен Јемен, извршен во текот на изминатата ноќ.

Напаѓачите активираа автомобил-бомба пред Министерството во населбата Кхор Максар во Аден - привремената престолнина на меѓународно признатата влада на претседателот Абд Рабу Мансур Хади, по што следуваше престрелка со силите за безбедност.

Моќната експлозија предизвика голема штета на шесткатната зграда и на соседните куќи. Од локалната болница информираат дека примиле тела на двајца загинати чувари, и тројца повредени, кои се во критична состојба.