Свет
18. August 2019 - 14:22

Исламската држава ја презеде одговорноста за масакрот во Кабул: Свадбата се претвори во хорор со 63 жртви

Исламската држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад на свадба во Кабул кога загинаа 63 луѓе, а ранети се 182.

Одговорноста ја презеде огранокот на ИД во Авганистан, наведува АП.

Иако Талбанците од почетокот ја негираа вмешаноста во овој напад, авганистанскиот претседател Ашраф Гани порача и претходно дека тие „не можат да се ослободат од вината поради тоа што овозможиле платформа за терористите“.

Нападот се случи во моментот додека талибанците и САД преговараат за договор кој би предвидел повлекување на силите од Авганистан во замена за тоа Талибанците да се обврзат на мировни преговори со владата во Кабул, наведе Ројтерс.
На социјалнтие мрежи се појавија слика на кои се гледаат телата на настраданите, меѓу превртените маси и столици во свечената сала.