Исламската држава ја презеде одговорноста: Џихадист го изведе терористичкиот напад во Мелбурн
Терористичката организација Исламска држава соопшти дека еден од нејзините борци извел напад со нож денеска во Мелбурн во кој настрада едно лице, а двајца се повредени.
Исламската држава, со соопштението на нивната новинска агенција Амак, не даде докази за изнесените тврдења.
Во центарот на австралискиот град Мелбурн три лица денеска се избодени, од кои едно лице почина, а напаѓачот кој ги нападна вртел со ножот на улица додека полицијата не пукаше во него, по што е примен во болница во критична состојба.
Австралиските медиуми јавуваат дека втората жртва има повреда на главата, а состојбата на третото лице не е познато. Властите соопштија дека нападот го третираат како териористички.
Хаосот тргна во попладневните часови по локално време кога полицијата е повикана поради возило кое горело во улицата Бурк.
На видео снимките кои се појавија на интернет се гледа како маж и се заканува на полицијата држејќи нешто во раката налик на нож, а еден од минувачите се обидува да го запре туркајќи кон него потрошувачка количка.
Полицијата соопшти дека напаѓачот по ранувањето е уапсен и дека стражари се поставени пред неговата болничка соба.
Ново на Сител
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј