Свет
18. November 2015 - 17:57

Исламска држава објави како го урнала рускиот авион

Милитантната група Исламска држава го објави најновото издание на својата пропагандно списание, во кое открива како го урнале рускиот авион над Синај, јави лондонски „Индипендент“.

Во новото издание на списанието „Дабик“, кое се издава на англиски јазик, се тврди дека авионот бил урнат со помош на импровизирана експлозивна направа скриена во конзерва сок од ананас, Швепс голд.

Во написот се вели дека нивните милитанти откриле начин како да ја загрозат безбедноста на аеродромот во Шарм ел Шеик, со цел да го урнат авионот Метроџет на 31 октомври.

Во списанието, чии наводи не можат да бидат потврдени од независен извор, ИД тврди дека прво донеле одлука да се урне авионот кој припаѓа на една нација од коалицијата предводена од САД во нападите против ИД, но потоа целта била сменета и било одлучено да биде урнат руски авион.

„Бомбата бeше прошверцувана во авионот", се додава, не објаснувајќи точно како - и оставајќи импликација дека тоа би можело повторно да се изведе на ист начин

Со наслов „Само терор", на насловната страница е прикажана слика на една од жртвите од париските напади, на која и помагаат службите за итна помош.

Во списанието уште се наведува дека групата Исламска држава ги убила двајцата заробеници од Кина и Норвешка, откако пред два месеци побарала откуп за нивно ослободување.  Покрај текстот, има и фотографија од телата на двајцата зраобеници.

Претходно ИД соопшти дека ги заробила Норвежанецот Оле Јохан Гримсгард-Офстад (48) и Кинезот Фан Жинху (50), не прецизирајчи ниту кога, ниту каде ги зартобила.