Свет
24. October 2015 - 12:39

Исламска држава ја презеде одговорноста за обид за напад во Каиро

Теорористичката група Исламска држава ја презеде синоќа одговорноста за вчерашниот обид за бомбашки напад врз полицијата пред голем хотел во Каиро.

Соопштението на Исламска држава беше објавено на социјалните мрежи.

Експлозивното средство беше откриено на тротоарот на обезбедувањето на хотелот „Меридијан“. Тоа избувна при операцијата за негово деактивирање, при што беа ранети четири лица. 

Ранети се и двајца полицајци, од кои едниот потешко, како и двајца службеници на обезбедувањето.