Македонија
7. December 2016 - 17:39

Искршено изложно стакло на изборен штаб на Беса

Засега непознат сторител или сторители искршиле едно од изложните стакла на изборниот штаб од движењето Беса во селото Слатино, општина Теарце, информираат од Беса.

Оттаму посочуваат дека се сомневаат оти зад тоа стојат владејачките партии, но и дека нема на сличен начин да возвраќаат на како што рекоа вакви провокации.

- Очигледно е дека партиите на власт соочени со сигурниот пораз што ги очекува на 11 декември се обидуваат на секаков начин да ја спречат оваа сигурна победа на движењето Беса и коалицијата вака се соочуваат со нашите членови и со сите тие кои ги подржуваат нашите политики. Ние даваме еден знаг и сигурен сигнал дека нашите членови нема да возвратат со иста мера на овие провокации. Ние сме тука да укажеме дека скаме да воведеме еден нов дух во македонската политика и со тоа нема да возвратиме со иста мера и на ваков начин да се соочуваме со нашите политички противници изјави Амри Елези, член на движењето Беса од Слатино.