Македонија
11. November 2015 - 20:04

Искршени питоси на локалитетот Баргала

Археолошкиот локалитет Баргала кај Штип, повторно на мета на вандалите. Овој пат искршени се 12 питоси или големи керамички садови за чување на прехрабрени намирници, кои биле поставени како екпонати. Од Заводот –Музеј велат дека имаат чуварска служба, но поради големината на локалитетот, едноставно не е можно физички да се покријат сите делови.

-Тоа е локалитетот кој се наоѓа на 17 километри од Штип и има површина од 5 ха. Наши екипи се веќе таму и работата на конзервација на питосите- изјваи Зоран Читкушев, директор на Завод-Музеј-Штип

Случајот е пријавен во полиција, извршен е увид на лице место и се трага по сторителите. Ова е трет пат откако е отворен за јавноста несовесни граѓани да уништуваат културно – историско богатство од непроценлива вредност.