Македонија
14. May 2019 - 13:41

Искршена и искорната спомен плочата за загинатите војници кај Карпалак

Искршена и искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак кој се случи за време на конфликтот во 2001.

Фотографиите кои граѓани ги објави порталот Лидер, покажуваат дека малата спомен плоча поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово, е извадена и веќе не е единствен потсетник за масакрот.

Останува непознато дали спомен плочата е извадена од државата, или е сквернавена од непознати лица.

Оваа плоча беше единствен потсетник за масакрот кај Карпалак, кој е најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година.

На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи.

Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.