Фудбал
11. May 2017 - 12:59

Искршен автомобилот на Кутињо

Информацијата дека Фелипе Кутињо би можел да го напушти Ливерпул и да се пресели во Барселона, разлути дел од навивачите на Ливерпул.
 
Лутината тие ја искалија на 60.000 фунти вредниот автомобил порше кој го вози Бразилецот.
 
Каталонскиот весник „Спорт“ ја објави информацијата дека Кутињо летово би можел да се пресели на „Камп ноу“. Истиот извор најавува дека Бразилецот ќе го собори клупскиот трансфер рекорд, кој сега е во сопственост на Луис Суарез (82 милиони евра).
 
Кутињо неодамна потпиша нов петгодишен договор со Ливерпул според кој има неделна плата од 150.000 фунти. Во договорот е вметната клаузула дека тој може да замине доколку некој плати сума од 90 милиони евра.
 
Весникот „Спорт“ тврди дека Барселона ќе ја активира откупната клаузула.
 
На овие информации реагираа дел од навивачите, кои во вторникот со камен искришиле еден од прозорците на неговиот автомобил.