Македонија
26. August 2017 - 11:48

Искористете го викендов, следи нов температурен шок

Времето денес сончево и топло со слаб ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. УВ=8

Во наредните два дена ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот.

Во вторник во текот на денот ќе настапи наоблачување проследено со локален пороен дожд,, услови за појава на грмежизасилен северен ветер и опаѓање на температурата. Во среда  претпладне во јужните делови се уште ќе има повремен дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за околу 5 степени