-->
-->
Иско: Во форма сум и барам место во тимот
-->
Секој во секого го вперува прстот, секој е виновен за лошите изданија на Реал од почетокот на новата сезона, а никој од фудбалерите не сака да преземе одговорност. Реал губи бодови каде што ќе стигне, во неделата загуби од новиот прволигаш Џирона и по десет кола веќе заостанува осум бода зад Барселона.
Најтешко поразот од Џирона го поднел претседателот Флорентино Перез, а најмногу му бил лут на тренерот Зинедин Зидан. Особено го погодила изјавата на Зизу, кој на новинарите им рекол дека „тимот имал лош ден“.
Исто така, шпанските медиуми пренесуваат дека напнато е и во соблекувалната на Реал. Како што пренесуваат шпанските медиуми, најголемо незадоволство има кај најдобриот играч на Реал од почетокот на сезоната, Иско.
Тој бил незадоволен што и покрај добрата форма во која се наоѓа, сè уште нема загарантирано место во првиот тим, каде што во предност се Кристијано Роналдо и Карим Бензема, иако овој двоец е исклучително неефикасен сезонава.
Наводно, Иско незадоволството го пренел на оние кои најчесто се резерви, поттикнувајќи се да се побунат против Португалецот.
Кристијано Роналдо лошо ја почна сезоната, а Иско и другите сметале дека е вистинско време за смена на генерациите бидејќи португалскиот ас има 32 години и според нив тој повеќе не смее да биде недопирлив.
На „бунтовниците“ не им се допаѓа и тоа што Герет Бејл не бил продаден во летниот преоден рок.
Прашање е како претседателот и тренерот ќе ги смират зовриените страсти во соблекувалната. Според медиумите, евентуална победа против Тотенхем во Лондон, во Лигата на шампионите, малку би ја вратила позитивната атмосфера не само кај играчите туку кај сите во клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање