Живот
7. јуни 2018 - 9:36

Исклучуваме се кога грми но што да правиме со мобилниот - внимавајте доаѓа невреме

Она што е познато е задолжително да ги исклучиме од струја електронските уреди како што се радиото, телевизорот, компјутерите, како и апаратите за домаќинство кога има невреме. Меѓутоа,што треба да се направи со мобилниот телефон?

Стручњаците се поделени околу тоа дали мобилните телефони привлекуваат молњи (громови), но сепак предупредуваат дека кога има невреме треба да се исклучат.

– Голем ризик е до себе да се држи вклучен мобилен телефон, бидејќи тој е извор на електромагнетни бранови кои создаваат пат за атмосферскиот електрицитет. Кога грми опасен е секој спроводник во кој се наоѓа метал. Дури поставените изолации се често безпомошни, бидејќи громовите ги премостуваат – вели за српски „Блиц“, Млаѓан Ќуриќ, професор од српскиот Институт за метеорологија.

Други стручњаци ,сметаат дека не е опасен самиот мобилен телефон, чие зрачење е зголемено единствено при неговото вклучување или гасење, и дека поопасно е местото на кое човекот се наоѓа. Тој директно е изложен на опасност ако стои на отворено и ако ја претставува највисоката и најистакнатата точка во околината.

Громовите не избираат каде ќе удрат, на отворено најчесто ги погодуваат осамените карпи и стебла, самиот човек во полето или било кој објект на рамна водена површина. Се случува да удрат и таму каде никој не ги очекува. Меѓутоа, ако околу човекот има згради тој нема да претставува мета.