Исклучително високи мерки за безбедност на отворањето на ОИ во Париз
Франција денеска има намера да го импресионира светот со екстравагантна церемонија на отворање на Олимписките игри во Париз каде околу 45. 000 полицајци, 10. 000 војници и 2.000 лица од приватни компании за обезбедување ќе се грижат за безбедноста на парадата покрај реката Сена, нејзиниот брег и околните споменици.
ОИ се одржуваат во време на големи безбедносни ризици, односно во време на засилени геополитички тензии. Планирано е речиси 7.000 спортисти да запловат по реката Сена покрај најпознатите париски знаменитости, додека повеќе од 300. 000 гледачи ќе ги следат од брегот.
Од последните Олимписки игри во Пекинг во 2022 година, избувнаа војни во Украина и Газа, што сега е тензична позадина на Игрите.
Франција е на највисоко ниво на безбедност, иако официјалните лица повторија дека нема посебна закана за церемонијата на отворање или за самите игри.
Како дел од големата безбедносна операција, властите ставија 155 лица под мерки за надзор кои строго го ограничуваат нивното движење според законот за антитероризам.
Израелските натпреварувачи ќе бидат придружувани од елитни тактички единици, а тие натпреварувачи ќе имаат 24-часовна заштита за време на Олимписките игри, посочуваат надлежните.
Десетици светски лидери ќе бидат во Париз на свеченото отворање, кое ќе биде заштитено со снајперисти на покривите.
Коритото на реката Сена е исчистено од бомби, а воздушниот простор на Париз ќе биде затворен.
Авиони за радарски надзор и беспилотни летала Reaper ќе ги надгледуваат чувствителните локации одозгора, а борбените авиони Мираж 2000 ќе бидат во состојба на подготвеност за пресретнување авиони што евентуално ќе залутаат во ограничен воздушен простор.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите