Бизнис
23. December 2017 - 16:22

Исклучените од парно системот повторно на протест

Исклучените од парно повторно на протест. Иако вчера од Владата соопштија дека од следната грејна сезона тие повеќе нема да плаќаат паушал за услугата која не ја користат тие ќе продолжат со протестите се додека не биде објавен законот за енергетика. Бараат нивниот проблем да биде решен и со закон и со подзаконски акти.

Тонско Нашиот проблем да се стави конкретно во законот за енерегетика, затоа што подзаконските акти се менлива категорија . Ние останува  тука секоја сабота ќе имаме протести се додека не с еобјави законот за енрегтика во целост, рече Маријан Ненов- претстваник на исклучените од парно греење

Вчера од владата посочија дека домаќинствата кои се исклучени од  мрежата во 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на надоместокот кој во моментов го исплаќаат.  Проблемот со кои се соочуваат граѓаните ќе се решава со подзаконски акти во новиот предлог закон за енергетика.

По ваквата одлука останува нејасно како ќе се надокнади пригходот на БЕГ кој го добивал од овие граѓани, дали и на кој начпин ќе се субвенционираат  овие домачинства или пак ќе се  интервенира кај снабдувачот со топлинска енергија. Тоа ќе се знае кога ќе биде целосно готов законот.

Ваквите најави следуваат откако Уставниот суд пред три дена по втор пат донесе одлука граѓаните кои не користат градско парно да продолжат да плаќаат надоместок.

Во моментов околу 12 илјади домаќинства кои се исклучени од мрежата плаќаат месечен надоместок од 500 до 1200 денари во зависност од големината на станот.