Македонија
3. October 2019 - 16:40

Исказот на Зоки Кичеец се нуди на продажба - Боки 13 бара укинување на притворот

Исказот на Зоки кичеец се нуди на продажба.. Непознат маж на возраст од 50-тина години го понудил сведочењето на Милевски на еден од адвокатите кои ги застапуваат останатите осомничени во „Рекет“.. Според информации на Сител, го контактирал преку мобилен телефон за да го понуди доверливиот документ, а за услугата побарал пари.

Случајот бил пријавен кај обвинителката Вилма Русковска која побарала проверка на безбедносните камери од просториите каде се чуваат исказите на осомничените.. Се бараат и сопствениците на телефонски броеви кои ги контактирале адвокатите.

„Пријавен е случајот и за него веќе постапува надлежен обвинител. Пријавата е поднесена од лице од одбраната во „Рекет“, велат од обвинителството за гонење криминал и корупција..

Зоран Милевски и Бојан Јовановски се првите осомничени за Рекет кои завршија зад решетки.. Од неодамна, Зоки Кичеец е во домашен притвор а тоа денеска го побара и Боки 13.. На јавна седница во Апелациониот суд замоли да му се укине мерката притвор поради влошена здравствена состојба..

„Во оваа ситуација треба да бидам здрав и жив, а не мртов.. Живеам за откривање на вистината за случајот, со факти да ги кажам сите сознанија кои ги имам и во фер судска постапка да ја докажам својата невиност“, изјави Јовановски..

Неговиот адвокат појасни дека со завршување на истрагата, Боки 13 повеќе не може да влијае врз сведоци, а околнистите за опасност од бегство, Дуковски ги нарече „бисери“ на кривичниот совет од скопска единица.. Одбраната не ја исклучува можноста од спогодба со обвинителството, но до сега, тоа не го побарал Јовановски..

Според обвинителството, на Боки 13 не треба да му се укине притворот бидејќи не е вработен, нема создадено семејство, не поседува сопствен имот а и често патува па може да побегне.. Дали ќе го напушти истражниот затвор, зависи од Апелациониот суд кој одлуката ја најави за утре.