Свет
4. February 2016 - 20:18

ИСИЛ сокриле 4 нуклеарни бомби во Европа и САД открива поранешен припадник на џихадистите

ИСИЛ сокриле 4 нуклеарни бомби во Европа и САД открива  поранешен припадник на џихадистите. Салег Абдеслам за германски сајт Нетцпланет ја открива страшна вистина за терористичката организација. Тврди дека ИСИЛ  поседува најмалаку 4 нуклеарни оружја спремни за детонација поставени  во четири големи светски градови.Според поранешниот џихадист „цивилизациската војна“  треба да започне во 2016година. Салех Абдеслам во ова писмо кое  го испратил до германскиот портал, преку ПДФ формат со слики и податоци сакал да открие што повеќе информации за да се спречи светска катастрофа. Според него само во Германија има 18 000 терористички ќелии кои чекаат да  стартуваат невидена катастрофа во Европа. Нуклеарни бомби тврди дека ќе бидат лансирани  во САД, Германија, Франција и Русија. 

„Бев припадник на ИСИЛ и после се сфатив дека приклучувањето кон нив беше моја најголема грешка. Ме манипулираа да направам нешто што не сакав. “ пишува извесен Салех Абдеслам во својот скандалозен маил испратен до германски Нетцпланет. Овој маил вели не е молба за прошка туку сакал да ја предупреди јавноста на војната која ја подготвуваат ИСИЛ која ќе биде катастрофална доколку никој не се обиде да ги спречи. Вели не сакам да одам во затвор за тоа што го направив до сега.

„Јас сум Салех Абдеслам. Можеби ќе помогнам да се спречи војната планирана за 2016та година. Ова е година кога ќе почне третата светска војзна. ИСИС поседува 4 нуклеарни бомби од тип Ве25 и Ве89. Лично ги видов. Една е во САД, другата во Германија, една во Франција и една во Русија. Денес има повеќе од 135 000 членови во ИСИЛ, од кои 65000 распоредени во Сирија кои го штитат скриениот склад на оружје и се борци кои војувале за да обезбедат  стратешки важни локации за криумчарење на нафта и оружје.“

Според него во Франција има 2800 терористички  ќелии во регионот околу Париз, Кубервоа и Бобиња . Во Англија тврди дека има само 650 бидејќи таму било многу тешко да се влезе. Ќелиите таму се во Лондон и Хероу и главно се претставуваат  како студенти.  Во Шведска има 1600 ќелии во Стоклом, Тебија, Елти и Солни.  Во Германија над 18000 а нивниот број од ден на ден се зголемувал. За Либек планирани се најмалку 6 напади во кои членовите на ИСИС ќе ги срушат сите мостови во градот. 

„Оружјето и експлозивите се прошверцани пред неколку месеци. Имам и информации за човекот од ИСИЛ кој е познат под името Шаб. “ тврди поранешниот џихадист и приложил фотографија од човекот за кој тврди дека е агентот Шаб.

Шаб е на листата за одстрел од Исламската Држава. За неговата глава се нудат дури 2 милиони долари . Тој бил пратен од тајните служби на САД да убива членови на ИСИЛ. Тој има убиено повеќе од 400 терористи.  Се појавува на места исклучиво каде што нема воздушни напади, бидејќи во тие моменти главните стратези од ИСИЛ се селат на подалечни локации за кои тој дознава однапред. Шаб не е виден од јули 2014та. Се претпоставува  дека се крие во Англија,Шведска или Германија и дека пробува да ги идентификува терористичките ќелии во тие држави. 

„ Овој човек е добро упатен  и има информации за бројни разузнавачки агенции и терористички организации, па не е чудно што и неговата глава е проценета на 2 милиони долари.  Се надевам дека ќе успеете да го најдете и да добиете информации од него пред да биде фатен од џихадистите. Во прилог ви испраќам фотографии и документи од него. “ Стои во писмото на поранешниот припадник на ИСИЛ.

„ Многу ми е жал што не можам ништо да поправам од она што го направив додека бев меѓу нив, но се надевам дека нема сите да станеме жртви на нивната болна идеологија, вели Салех Абдеслам. Тој предупредува да не ја потценуваат силата на ИСИЛ бидејќи тие повеќе не се група туку огромна војска со бројни ресурси, многу пари и оружје, тенкови и проектили.

Во писмото неколку пати изразува надеж неговото писмо ќе биде од голема помош и дека ќе го разберат сериозно.